Се воведува двосменско работење на комуналните инспектори

Од утре (29.11) комуналните инспектори на Општина Аеродром ќе работат во две смени. Тие ќе бидат достапни секој ден од 08:30 до 22:30 часот, вклучувајќи ги и викендите, на телефонскиот број ‎075 316 515. За потребите на оваа акција ќе биде ангажирана целата инспекциска служба, што се состои од 8 комунални инспектори и 4 комунални редари.

Оваа одлука е со цел успешна реализација на проектот „Пријави загадувач“, која е дел од заложбите на локалната самоуправа за почист воздух. По барање на граѓаните, и препознавајќи ја потребата за поголема ефикасност на инспекциските служби, Општина Аеродром смета дека е неопходно да се воведе дежурна смена на инспекторите.

Целта на акцијата „Пријави загадувач“ е што побрзо да се детектираат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на Општина Аеродром. Во рамките на истата организираме редовни акции за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух и контрола на стационарните извори на нашата територија. Ги охрабруваме граѓаните да земат активно учество и редовно да пријавуваат загадувачи на општинските инспекциски служби.

 

28.11.2017

Општина Аеродром