ВО СРЕДА ТРЕТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 15.11.2017 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 3-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-Одлука за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Аеродром

2.    Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката  за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром

3.    Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај од ПС ОН „Аеродром“ за првите шест месеци од 2017 година  

4.    Предлог-Заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот  на Општина Аеродром за третиот квартал од 2017 година

5.    Предлог-План на Програми за развој на Општина Аеродром за периодот од 2018 до 2020 година

6.    Предлог-Програма за одржување локални улици и патишта на територијата на Општина Аеродром  во зимски услови за 2018 година

7.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за надоместок за смрт на член на потесно семејство на вработено лице во општински буџетски корисник и за боледување подолго од шест месеци

8.    Предлог-Одлука за именување член на управниот одбор на ЈУДГ „Буба Мара“ претставник на МТСП

9.    Предлог-Одлука за именување член на управниот одбор на ЈДГОА „Срничка“ претставник на МТСП

10. Предлог-Одлука за именување член на училиштен одбор на ООУ „Димитар Македонски“

11. Предлог-Одлука за именување член на училиштен одбор на ООУ „Гоце Делчев“

12. Предлог-План за измена и дополнување на План за јавни набавки на Општина Аеродром за 2017 година

 

            9.11.2017

            Општина Аеродром