ПОКАНА за ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ-НАТПРЕВАР

Утре, 31.10.2017 година (вторник) со почеток во 18:00 часот во ООУ „Љубен Лапе“ во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ ќе се реализира квиз-натпревар по противпожарна заштита за учениците од осумте основни училишта.

Станува збор за традиционален противпожарен квиз-натпревар, кој се одржува по 33-ти пат, а воедно претставува важен дел во развојот и ширењето на општата противпожарна култура меѓу младата популација, како и едукација за заштита од пожари, односно превентивни мерки и постапка во случај на пожар.

Исто така, во текот на октомври Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ за основните училишта распиша конкурс за ликовни и литературни творби со мотиви за заштита од пожари, кои ќе бидат изложени во основното училиште „Љубен Лапе“, а за најдобрите творби ќе бидат доделени дипломи.

Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

30.10.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео