ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРИН НАЈАВИ ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска се сретна со жителите на Долно Лисиче, кои го блокираа патот Драчево – Јурумлери, незадоволни поради лошата состојба на патот и долготрајната реконструкција на водоводната мрежа на оваа делница.

На средбата градоначалникот ги извести дека уште во текот на денешниот ден почна санација на прекопите за улицата да стане функционална. Во моментов се изготвува и проект за целосна реконструкција на улицата, со што долгорочно ќе се реши проблемот со несоодветната инфраструктура во Долно Лисиче. Општината во новиот буџет ќе предвиди и други проекти за реконструкција на улици и инфраструктурни инвестиции за жителите од Горно и Долно Лисиче.

 

26.10.2017

Општина Аеродром