Утре во ТЦ „Капитол мол“

ПРОМОЦИЈА НА ЕДУКАТИВНА ЕЛЕКТРОНСКА ИГРА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ

Утре, 4.10.2017 година (среда), во трговскиот центар „Капитол мол“, со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи промоција на онлајн играта за деца под име „Зелена игра“ (Green game).

Играта е нов концепт, креативна едукација за селекција на отпадот, низ игра и забава од мали нозе децата да научат правилно да го селектираат отпадот, со цел заштита на животната средина во која растат и се развиваат.

Инаку, играта може да се симне на следните линкови: www.nulaotpad.com.mk и www.pakomak.com.mk и да се инсталира на мобилен, таблет или компјутер, каде посетителите ги очекуваат многу награди и изненадувања кои ќе ги овозможат Нула Отпад и Пакомак за тоа што ќе го научат со играта.

Присутните на настанот ќе ги дружат децата од ОУ „Димитар Македонски“, со промоција на песната „Направив вистински град”, како и многу специјални изненадувања кои Капитол Мол со Нула Отпад ги подготвиja само за Вас!

Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

 

3.10.2017

Општина Аеродром