ВО ПЕТОК 75 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 6.10.2017 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 75-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

  1. Предлог- Заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на советот на Општина Аеродром, за период од 05.04.2017 година до 25.08.2017 година
  2. Предлог- Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за смрт на член на потесно семејство    
  3. Предлог-Одлука за утврдување бесправни објекти за кои може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 1859/1)
  4. Предлог-Одлука за утврдување бесправни објекти за кои  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3876 и КП 6657)
  5. Предлог- Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 543)
  6. Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4023)
  7. Предлог-Одлука за давање согласност за аплицирање на Општина Аеродром на грантова програма на МНР на Кралството Норвешка
  8. Предлог-Заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2016/2017 година
  9. Предлог-Заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2016/2017 година
  10. Предлог-Заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2017/2018 година
  11. Предлог-Заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2017/2018 година

 

            2.10.2017

            Општина Аеродром