Ден без автомобили, ден без гужва, ден без сообраќај

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ ГО ОДБЕЛЕЖА „ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ“

Денеска, 22.9.2017 година, администрацијата на Општина Аеродром се приклучи на велосипедското дефиле кое почна од Порта „Македонија“, а заврши кај Школка во Градскиот парк.

Велосипедистите се движеа по улицата „Димитрие Чуповски“, булеварите „Кочо Рацин“, „Крсте Петков Мисирков“, „Гоце Делчев“, „ВМРО“, „Партизански одреди“, „8-ми Септември“ и булеварот „Илинден“.

Настанот е организиран од страна на Градот Скопје со поддршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и ПРВ ДО ВРВ, во рамките на Европската недела на мобилност 2017 година под мотото „Споделувањето те движи напред“.

Во Градскиот парк беше организирана забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија добија велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.

Исто така, во градинката „Буба Мара“ се одржа едукативен разговор со децата, како и прошетка во блиската околина со пораки од децата до возрасните и изработка на групен постер „Мојот град без автомобили“.

Ако 364 дена патувате со автомобил, 22-ри септември е денот кога треба да почнете да ги менувате Вашите навики.

Бидете пример, за Вашите пријатели, соседи, колеги, семејство и започнете со користење велосипед!

 

22.9.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео