СТОТИЦИ ГРАЃАНИ НА СРЕДБА СО КОНЕВСКИ ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ

Стотици жители од Горно Лисиче вечерва (петок), 1.9.2017 година, остварија средба со градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски на која разговараа за големиот број реализирани проекти во тој дел на општината, како и за проектите планирани за идниот период.

Средбата се одржа во пријатниот амбиент на неодамна изградениот парк, а жителите изразија голема поддршка за сите проекти што досега се реализирани во Горно Лисиче, но и воопшто на целата територија на општината.

Инаку,  изминатите неколку години, од кога градоначалникот Коневски е на чело на Општина Аеродром, во Горно Лисиче се реализирани голем број проекти од витално значење за населението. Дел од позначајните се секако фекалната канализација во должина од 40 километри, што Горно Лисиче ја доби по цели 50 години, 2 нови колектори, препумпна станица, аасфалтирањето на улиците „Ѓорѓи Капчев“, „Тодор Чангов“, „Горно Лисиче“. Општината изгради тротоари, се постави ново улично осветлување, се отвори прва детска градинка „Лавче“ со капацитет за околу 100 дечиња, се изгради нова спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“, се подигна прекрасен парк во местото викано Бановина, а реконструирани се и трите моста на Усјанскиот канал. Во моментов се работи на реконструкција на улиците Тодор Чангов 20 и Ѓорѓи Капчев 9.

 

1.9.2017

Општина Аеродром