Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска, 25.8.2017 година, официјално ја пуштија во употреба реконструираната улица „Васко Карангелевски“, на потегот од раскрсницата со булеварот Јане Сандански до раскрсницата со булеварот АСНОМ (СЦ „Јане Сандански“ и хотел Русија).
На овој дел од улицата коловозот беше целосно реконструиран и променета целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600метри.
За овој градежен зафат Градот Скопје вложи 7,8 милиони денари. Реконструкцијата на оваа улица значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сè пофреквентна сообраќајница и ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите, а што е најважно ќе придонесе за зголемување на безбедноста.
„Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот Трајановски за оваа инвестиција што за граѓаните значи подобрување на условите за живот и да потенцирам дека ова е доказ за плодната соработка на Општина Аеродром со Град Скопје, особено во делот на изградба и реконструкција на инфраструктурата, која е од витално значење за урбаното живеење“, изјави градоначалникот Коневски.
25.8.2017
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.