ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕ ЗА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СКОПЈЕ 2017“!

Деновиве почна пријавувањето за шестиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2017“, кој се одржува во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

Заинтересираните екипи можат да се пријават на телефонскиот број 078/892077.

Инаку, оваа година традиционалниот турнир ќе биде збогатен со нови содржини и програма, а со тоа и најдобро организирана манифестација од ваков вид во Македонија.

Деталите околу почетокот на турнирот ќе бидат дополнително објавени по медиумите.

Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците во висина од 300.000,00 денари.

 

22.8.2017

Општина Аеродром

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео