„Мрдаме со прст“ и чистиме во маало!

ГОЛЕМА ЕКО-АКЦИЈА И МУЗИЧКА ЗАБАВА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ ВО МИЧУРИН

Денеска, 17.7.2017 година (понеделник), со почеток во 18:30 часот ќе се одржи голема еко-акција под мостот на железничката станица во населбата Мичурин.

Освен чистење, еко-акцијата за расчистување и разубавување на локацијата во близина на улицата „Венијамин Мачуковски“, ќе понуди и многу забава.

Граѓаните кои ќе учествуваат во акцијата ќе можат да уживаат во музиката на Тони Зен, диџеј GOCE SAF, хип - хоп групата BEATRIX CREW, Марко Новески, како и во уметноста на неколкумина графити артисти.

Еко-акцијата е во организација на граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ со поддршка и помош од Општина Аеродром, како и Сојузот на извидници на Македонија Ајде Македонија, Националниот младински сојуз на Македонија и Биди Зелен.

Сите подетални информации за настанот можете да ги најдете на веб-страницата www.mrdnisoprst.mk.

               Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

 

            17.7.2017

            Општина Аеродром