Во ООУ „Љубен Лапе“
Вчера, 18.5.2017 година, во ООУ „Љубен Лапе“ се одигра детската театарска претстава „Зелена планета“.
Станува збор за проект наменет за деца од школска возраст, со цел да се едуцира за важни теми од секторот на екологија и рециклирање, одговарајќи на прашања кои децата ги интересираат преку интересен и забавен театарски текст, а со кои најчесто за првпат се сретнуваат. Претставата ги образува младите за важноста од рециклирање, кои се материјалите што се рециклираат, што постигнуваме со тоа, како се рециклира и низа други интересни прашања што им беа одговорени на децата во текот на претставата.
Претставата ја играат децата-актери од детското драмско студио „Детски свет“ при МНТ, на оригинален и специјално напишан текст за оваа намена, а децата носат костими специјално изработени за оваа намена, кои на публиката ѝ се многу интересни, а се изработени од материјали што се рециклираат.
Носители на овој проект се Холандската амбасада, Скопска пивара, Пакомак и Нула отпад, а претставата е бесплатна за сите деца од основните училишта од Македонија. Овој проект е во реализација на здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“ - Скопје.
19.5.2017
Општина Аеродром
16-12-24
Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава на 21 декември (сабота) со почеток во 18:30 часот што ќе се одржи пред платото на трговскиот центар каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.