НАГРАДЕНИ ПЕТТЕ НАЈУСПЕШНИ УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ

Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ на пет урбани заедници од Општина Аеродром им додели по еден апарат за вода и галони вода.

Донацијата е, всушност, награда за најдобрите урбани заедници, кои беа дел од активностите спроведени во рамки на проектот еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, при што беа собрани над 4 тони опасен отпад.

Целта на акцијата беше да се зачува животната средина и да се заштитат граѓаните од штетното зрачење на опасниот отпад.

Инаку, акцијата за собирање електронски и електричен отпад ќе продолжи во текот на летото на целата територија на Општина Аеродром, со тоа што граѓаните што имаат ваков отпад ќе можат да остават контакт-телефон во најблиската урбана заедница, кој потоа бесплатно ќе биде преземен од нивните домови од страна на надлежните лица од „Нула отпад“.

 

17.5.2017       

Општина Аеродром