„СРНИЧКИТЕ“ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПРВАЧИЊА

Дечиња од големата група од објектот „Изворче“ и „Калинка“, градинка „Срничка“, неодамна го посетија основното училиште „Љубен Лапе“, односно ООУ „Блаже Конески“, за да се запознаат со текот на еден училиштен час, како и со правилата на однесување во училиште.

            Идните првачиња од своите поголеми другарчиња и нивната наставничка имаа можност да дознаат што се случува за време на часовите, колку време трае еден час и кои предмети се изучуваат во текот на една учебна година.

            За време на посетата, дечињата се запознаа со сите простории на училиштето. Иако „срничките“ за прв пат седнаа во училишните клупи, тие веднаш беа запознаени со правилата во училиштето, но и одговорностите, кои ги има секој ученик.

            На овој начин се зголеми љубопитноста и желбата на идните првачиња од септември да тргнат кон нови успеси.

            Во градинката „Срничка“ се реализираат низа активности и посети на локалното основно училиште, со цел дечињата да се подготват за новите предизвици, со кои ќе се соочаат на стартот на новата учебна година.

 

            15.5.2017

            Општина Аеродром