„БУБАМАРИТЕ“ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Децата од големите групи во градинката „Буба Мара“ го одбележаа Денот на планетата Земја.

            Целта на активноста беше да се разбуди и подигне свеста кај дечињата и возрасните за зачувување на животната средина.

            Децата прошетаа во блиската околина на градинката, привлекувајќи го вниманието на случајните минувачи на кои им делеа пароли и им ја  упатуваа пораката „Грижи се за планетата, таа ќе се грижи за тебе“.

            Потоа, активноста продолжи низ ликовна игра со цртање, сецкање и на крај лепење на изработеното. „Бубамарите“ ја изработија планетата Земја од нивните рачиња и ја поставија во нивното еко-катче во градинката.

 

            21.4.2017

            Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео