ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ВО АЕРOДРОМ

Утре, 22.4.2017 година (сабота), во 10:00 часот пред пензионерскиот дом „Јане Сандански“ ќе се одржат традиционалните пензионерски рекреативни спортски игри.

Пензионерите од Ново Лисиче деновиве се подготвуваа за спортско-рекреативните игри, вежбајќи во спортските игралишта и на зеленилото во близина на нивните домови.

Пензионерските спортски игри се во организација на Здружението на пензионери „Солидарност-Аеродром“.

Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

 

21.4.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео