Заврши еко-акцијата во Општина Аеродром

СОБРАНИ НАД 4 ТОНИ ОПАСЕН ОТПАД

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ од ноември 2016 година до март оваа година организираше голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, при што беа собрани над 4 тони опасен отпад.

Целта на акцијата беше да се зачува животната средина и да се заштитат граѓаните од штетното зрачење на опасниот отпад.

Во УЗ „Лисиче“ се собрани 351 кг, УЗ „Горно Лисиче (запад и север)“ 264 кг, УЗ „Горно Лисиче (југ)“ 1.209 кг, УЗ „Стар Аеродром“ 93 кг, УЗ „Бисер“ и „УЗ „Јане Сандански“ 1.140 кг, УЗ „Острово“, УЗ „Мичурин“ 248 кг, УЗ „Ново Лисиче“ 426 килограми и во МЗ „Долно Лисиче“ 440 кг.

Под електронски отпад, всушност, се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинството, како и клима-уреди.

 

24.3.2017       

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео