ПОЕТСКА СРЕДБА ВО БИБЛИОТЕКАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Учениците од библиотекарската секција од ООУ „Лазо Ангеловски“ во библиотека „Јане Сандански“ одржаа поетско читање по повод светскиот ден на поезијата, 21 март.

     На поетската средба беа прочитани стихови од познати македонски поети (љубовна и социјална лирика), како и лични творби на учениците кои преку поезијата  ги изразија  своите чувства, ја отворија својата душа и покажаа како овие мали, а големи поети, знаат да го задржат вниманието и да покажат како го гледаат светот низ своите очи.

 

            24.3.2017

            Општина Аеродром