Во пресрет на божикните празници

КРСТОТ ВО АЕРОДРОМ СО ШТЕДЛИВИ СВЕТИЛКИ

Во пресрет на божикните празници од денеска, 5.1.2017 година, крстот во Општина Аеродром, кој се наоѓа на раскрсницата меѓу булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“, ќе биде осветлен со ново осветлување со штедливи светилки, кои десеткратно ќе ги намалат трошоците за електрична енергија.

Осветлувањето на 56 метарскиот крст со распон на краците од 34 метри ќе чини околу 6,5 милиони денари, инвестиција, која ќе се оправда за многу кратко време со оглед на значителната заштеда со новите лед-светилки.

 

5.1.2017

Општина Аеродром