Деновиве се очекува да почне изградба на комунална инфраструктура и нови улици во урбаната заедница Стар Аеродром.
Станува збор за изградба на инфраструктурни објекти (водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација) на дел од улиците „Пандил Шишков“ и „Вангел Тодоровски“.
Исто така, проектот опфаќа изградба и на комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Новопроектирана 2“ со пристапни улици, како и изградба на пристапните улици 2 и 4 на улицата „Методија Шаторов Шарло“ (поранешна Руди Чајавец) со изведба на електрична мрежа за јавно осветлување.
Проектот се очекува да чини околу 22 милиони денари.
29.11.2016
Општина Аеродром
08-04-24