Во петок во Стопанската комора на Македонија
Утре, 4.11.2016 година (петок), од 12:00 до 16:00 часот во просториите на Стопанската комора на Македонија ќе се одржи предавање на тема „Имотно осигурување - потреба и ризици“.
Учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите, како и со тоа кој сè може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување.
На семинарот ќе биде презентирано осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци, како и тоа кои се правата на осигурениците.
Здружението за осигурување при Стопанската комора одлучи да ја организира презентацијата по неодамнешната серија земјотреси во Скопје.
Предавањето ќе биде отворено за јавноста, така што сите заинтересирани граѓани и претставници на компании ќе можат да го проследат бесплатно.
3.11.2016
Општина Аеродром
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.