ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Герет, ќе одржи прес-конференција во понеделник, 23.5.2016 година, во 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Тема на прес-конференцијата е посета на ученици од збратимената Општина Вандсворт од Лондон на Општина Аеродром.

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

20.5.2016

Општина Аеродром