Ј А В Е Н О Г Л А С за ангажирање лица за вршење јавни работи за периодот 2022 година
Општина Аеродром
Врз основа на Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот 2022 година број 09-472/18 од 31.12.2021 година („Службен гласник на општина Аеродром“ број 21/2021), Одлуката за задолжување и овластување на раководителот на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон вршителите на јавни работи во Општина Аеродром број 09-472/24 од 31.12.2021 година („Службен гласник на општина Аеродром“ број 21/2021), и Решение за формирање комисија за преземање активности за реализација на Програмата за јавни работи на територија на општина Аеродром за периодот на 2022 година број 09-472/18 од 31.12.2021 година(„Службен гласник на општина Аеродром“ број 21/2022), Општина Аеродром на ден 10.03.2022 година објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
за ангажирање лица за вршење јавни работи
за периодот 2022 година
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот 2022 година за работно ангажирање со полно работно време.
Обврски на вршителите на јавни работи ќе бидат: одржување на чистотата/хигиената на јавните површини (чистење смет, празнење на уличните канти за отпадоци, чистење/собирање суви лисја, гранки и сл.), одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територија на Општина Аеродром (косење трева, поткастрување гранки и сл.),одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на Општина Аеродром (чистење снег на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење снег од уличните клупи и канти за отпадоци) и сл.
Висината на паричниот надоместок изнесува 16.500,00 денари, координатори и лица што ќе работат на машини за косење, лицата што ќе работат со специјални машини за метење улици ќе добијат додаток на надоместок во висина од 1.500,00 денари за период во кои ги извршуваат наведените работи, на начин и под услови утврдени со Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот 2022 година.
.
Право на учество во Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром како и основни критериуми врз основа на кои ќе одлучува комисијата се:
· Невработени лица пријавени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (корисници на паричен надоместок ќе имаат предност)
· Работоспособни
· Претходно работно ангажирање во областа ќе се смета за предност.
Заинтересираните кандидати е потребно да пополнат образец ПРИЈАВА за јавен оглас за ангажирање лица за вршење јавни работи за периодот 2022 година, кој може да се подигне пред архивата на Општина Аеродром или пак да се преземе електронски од официјалната интернет-страница на Општина Аеродром www.aerodrom.gov.mk, во делот за „Граѓани – Формулари) и кон неа да се приложат бараните докази за исполнување на погоренаведените основни критериуми (доказ за невработеност и доказ за претходно работно ангажирање во областа доколку има).
По истекот на рокот за пријавување, комисијата ќе спроведе интервју со пријавените кандидати и ќе изврши избор на лица што ќе бидат ангажирани како извршители во Програмата за јавни работи на територијата на Општина Аеродром за периодот 2022 година.
Поконкретните услови, права и обврски на избраните кандидати ќе бидат уредени со склучување Договор меѓу општина Аеродром и избраниот кандидат.
Детални информации за Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродром за периодот 2022 година“ можат да се добијат во Општина Аеродром во Одделението за комунални работи и заштита на животната средина и на тел. број 2401- 540.