ЈАВНА ОБЈАВА

 

ЈАВНА ОБЈАВА

 

Врз основа на член 84 и 86 од Законот за општа управна постапка (Службен весник на РМ бр.124/15), oвластениот градежен инспектор на Oпштина Аеродром, постапувајќи согласно со своите овластувања и по службена должност, ги има донесено следните управни акти против непознат сторител:

- Записник  за извршен вонреден инспекциски надзор ИП1 бр.29-235/2024 од 05.07.2024 година

- Решение за отстранување ИП1 бр.29-235/2024 од 05.07.2024 година за градба изведена без решение за изведување од НЕПОЗНАТ СТОРИТЕЛ на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на КП.бр.190/1 KO Кисела Вода 2 во населба Аеродром.

 

П О В И К

 

Сопственикот да се јави во канцеларијата на овластениот градежен инспектор во Одделението за инспекциски работи во Општина Аеродром во рок од 3 (три) дена од објавувањето на јавната објава за да му се достават горенаведените акти.

Се предупредува сопственикот дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои може да настанат ги сноси самата странка.

 

Овластен градежен инспектор

дипл. град. инж. Елеонора Б. Марковска

 

Актуелно

img
img img

Видео