В ЧЕТВРТОК 14. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 14.7.2022 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи четиринаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година за ООУ „Браќа Миладиновци“

2.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година за ООУ „Љубен Лапе“

3.    Предлог-одлука за давање согласност за спроведување на постапка за закуп на недвижни ствари - сопственост на Општина Аеродром на КП 2470 КО Кисела Вода 2, во површина од 60 м2

4.    Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството на починат сезонски работник 

5.    Предлог-одлука доделување еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2021/2022 година

6.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2022 година

7.    Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2022/2023 година на подрачјето на Општина Аеродром

8.    Предлог-заклучок за усвојување на информација за прогрес на проект Clean AirDrom-zero solid waste in Municipality of Aerodrom

9.    Предлог-одлука за определување на локации за поставување на повратни вендинг машини за реализација на проект Clean AirDrom-zero solid waste in Municipality of Aerodrom

 

10. Предлог-одлука за давање на согласност за учество на проект „Зајакнување на општинските совети - Фаза 2“ финансиран од Швајцарската амбасада и од Министерството за локална самоуправа, а спроведуван и кофинансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP)

11. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на Годишен план за вработување на Општина Аеродром за 2022 година

12. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 01.02.2022 година до 30.04.2022 година

13. Предлог-одлука за именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавно претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром, Скопје

14. Предлог-одлука за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром, Скопје

15. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од страна на ИН-ПУМА ДООЕЛ за изработка на урбанистичко планска документација

16. Предлог-одлука за уредување на постапката  за планирање, реконструкција и изградба на пристапни патишта низ земјоделско земјиште

17. Советнички прашања          

 

8.7.2022

Општина Аеродром