На 10.5.2022 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи единаесеттата седница на Советот на Општината.
На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за избор на командир на Полициска станица - Аеродром
2. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објект бр. 1 на КП 417/1 и КП 417/2, КО Долно Лисиче
3. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација на објект бр.1 на КП 3737 КО Кисела Вода 2 во ДУП за локалитет „Горно Лисиче“ УЕ4
4. Предлог-заклучок за усвојување квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за првиот квартал од 2022 година
5. Советнички прашања
5.5.2022
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.