На 19.4.2022 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општината.
На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објект бр. 1 и објект бр.2 на КП 4024 КО Кисела Вода 2 во урбанистичко-планска документација
2. Предлог-одлука за измена на Одлуката за издвојување средства за исплата на надоместокот на членовите на изборните органи - Општинска изборна комисија и избирачки одбори за подрачјето на Општина Аеродром, за спроведување на локалните избори 2021 година.
3. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта на територија на Општина Аеродром.
4. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата Ф во урбанистичко планирање и уредување на просторот на Општина Аеродром за 2022 година.
5. Предлог-одлука за согласност за примање донација – санација на постојно спортско игралиште во с. Долно Лисиче.
6. Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополнување на Статутот на ООУ „Блаже Конески“.
7. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието за 2022 година.
8. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација за организирање на манифестација „Велигденски средби“.
9. Предлог-одлука за давање на привремено користење на движни ствари.
10. Предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита.
14.4.2022
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.