Ракометарите му дадоа благодарница на Марин

                 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска го прими спортскиот директор на РК „Аеродром“, кој во име на клубот му додели благодарница за поддршката и несебичната помош од Општина Аеродром во изминатиот период.

„Соработката и финансиската поддршка со вашиот, но и со другите спортски клубови во нашата општина ја негуваме со задоволство, бидејќи наш приоритет беше и останува јакнење на спортскиот дух во Аеродром“, рече градоначалникот Марин.

Општина Аеродром освен на ова спортско здружение, финансиски им помага и на други спортски клубови и здруженија, особено на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје – Аеродром, женскиот кошаркарски клуб на МЗТ и младинската школа на МЗТ, женскиот ракометен клуб „Аеродром“, ЖРК „Вардар“, фудбалскиот клуб „Аеродром“, кикбокс клубот „Гладијатор“ и други спортски субјекти, кои во време на пандемијата имаа тешки услови за работа и егзистирање.

15.10.2021

Општина Аеродром