Со премиера на комедијата „Грдиот“ од НУ „Театар Комедија“ во режија на Ирена Стеријовска вечерва во 21:00 часотво Спортскиот центар „Ново Лисиче“ почнува традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој годинава ќе се одржи по осми пат. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева.
Фестивалотшто го организираат Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.
Поради ограничениот број на седишта (200), ќе може да се влегува само со билети (бесплатни) што можат да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9:00 до 15:00 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билетаза една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација.Ве очекуваме!
15.9.2021
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.