Одбележана годишнината од катастрофалниот земјотрес

Делегација од Општина Аеродром предводена од претседателката на Советот, Ивана Цветковска, денеска положи цвеќе пред Споменикот на загинатите на гробиштата во Бутел, по повод одбележувањето на годишнината од катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Одбележувањето на овој ден е потсетник за трагичната загуба што ја доживеа Скопје, но истовремено нè потсетува и на солидарноста со која се обедини светот.

 

26.7.2021

Општина Аеродром