В петок 57 седница на Советот на Општина Аеродром

 В петок, 9.7.2021 година, со почеток во 09:00 часот онлајн ќе се одржи педесет и седмата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-програма за измена на Програма за планирани активности од областа на образованието  во Општина Аеродром за 2021 година

2.    Предлог-програма за измена на Програма за социјална и детска заштита и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2021 година

3.    Предлог-програма за измена на Програма за поддршка  на културата  во Општина Аеродром за 2021 година

4.    Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџететот на ОА за 2021 година

5.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Љубен Лапе“ за 2022 година

6.    Предлог-одлука за доделување донација на Здружение на пензионери  „Солидарност“

7.    Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација на Црвен крст на РСМ,  за активностите за намалување на последици од топлотни бранови

8.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање на вработени лица во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

9.    Информација за донесено Решение за запирање на објавувањето на Одлука на Советот на Општина Аеродром

10. Советнички прашања.

 

            7.6.2021

Општина Аеродром