Конкурс за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП

 Во согласност со одлуката на Владата за што поголема транспарентност и отчетност на органите на државната управа и јавните претпријатија, а практикувајќи ги европските вредности, Општина Аеродром, врз основа на член 12 од Одлуката за основање на Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром, а согласно со член 17, во врска со член 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република“бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Општина Аеродром, во својство на основач на претпријатието, објавува

КОНКУРС

-          за членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие (пет лица); и

-          за членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие (пет лица).

            Кандидатите, согласно со законските одредби, треба да бидат претставници од редот на афирмирани и познати стручњаци во областа на предметот на работењето на јавното претпријатие, имајќи ја предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на сите заедници.

            Кандидатот за член на Управниот, односно Надзорниот одбор мора да ги исполнува следниве услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија,

- да е жител на Општина Аеродром;

- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;

- да има солидно познавање на англискиот јазик;

- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и

- има минимум три години работно искуство.

            Времетраењето на мандатот на членовите на Управниот одбор не може да биде подолг од четири години.

            Се поттикнуваат кандидатите што ги исполнуваат наведените услови, покрај наведените законски потребни документи, да достават соодветно мотивациско писмо (во слободна форма) и кратко CV (кратка биографија) во затворен плик со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“ и „ЗА КОНКУРС НА ЈПУРЗ ОА“ во Архивата на Општина Аеродром, во рок од 8 дена од објавувањето на овој оглас.

            Советот на Општина Аеродром, во име на општината како основач, согласно со Статутот на Јавното претпријатието за управување со развојни проекти на Општина Аеродром, ќе изврши соодветен избор од пријавените кандидати и најадекватните ќе ги именува за членови на Управниот, односно Надзорниот одбор на претпријатието.