Ново Лисиче добива лавиринт од садници

 Паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче ќе добие лавиринт од 1 200 нови садници. Садниците ќе бидат засадени на тој начин што жителите ќе можат да се движат по патеки меѓу нив и со тоа да ги спојат уживањето и рекреацијата во убаво уредениот парк.

„Ваквиот тип лавиринти се особено интересни за дечињата и многу ме радува што и Аеродром ќе добие едно прекрасно и оригинално катче", рече градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. „Продолжуваме да го зазеленуваме нашиот Аеродром, кој е прекрасно место за рекреација и уживање“, додаде тој.

Општина Аеродром пролетта ја дочека со многу новозасадени садници и продолжува и натаму да го проширува и обновува зеленилото, кое е нејзин заштитен знак.

16.4.2021

Општина Аеродром