Јавен повик за избор на изработувач на урбанистички планови и урбанистички проекти, односно вршител на работите од урбанистичкото планирање

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Скопје, согласно член 45 од Закон за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/2020), објавува Јавен повик за избор на вршител на работи од урбанистичкото планирање за планови и проекти финансирани со средства од буџетот на општината на градот Скопје и градот Скопје.

 

 

 

Јавен повик

за избор на изработувач на урбанистички планови и урбанистички проекти, односно вршител на работите од урбанистичкото планирање

 

 

 

Јавниот повик се однесува на изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за изведба на трим патека со хортикултурно и партерно уредување во опфатот на Детален урбанистички план за локалитет Јане Сандански УЕ Б, Општина Аеродром, Скопје.

Во предметниот детален урбанистички план, изработен согласно Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 78/2006), на КП 95/1 и КП 870/1 КО Кисела Вода 2,предвидени се површини со намена Д1 - парковско зеленило бр. Д1 33, Д1 34, Д1 38, Д1 39, Д1 40 и Д1 41, во чии рамки е новопредвидената трасаза трим патека со хортикултурното и партерно уредување како компатибилна намена Д3.

Со проектната програмаизработувачот треба да предвиди: трим патека со должина од 550 метри и широчина од 2,7 метри со потребно осветлување, 2 чешми со потребен довод и одвод на вода.

Изработувачот во системот е - урбанизам треба да достави: урбанистички проект со проектна програма одобрена од инвеститорот, извод од урбанистички план, геодетски елаборат со дефиниран проектен опфат, податоци и информации од надлежни институции, ревизија на урбанистичкиот проект и друга документација предвидена со закон.

Урбанистичкиот проект за инфраструктура за изведба на трим патека со хортикултурно и партерно уредување треба да се изработи и достави до општината во рок од 35 календарски дена.

На јавниот повик може да се пријават правни лица со лиценца за вршење на работите од урбанистичкото планирање со гласно со овој закон.

За доделување на Договорна јавниот повик, изработувачот со доставување на потребната документација треба да докаже дека ги исполнува критериумите предвидени со закон:

1. кадровска и техничка опременост на правното лице,

2. референтна листа за извршени работи,

3. претходни позитивни стручни референци од подрачјето на планскиот или проектниот опфат што е предмет на јавниот повик,

4. понудена организација и методологија на изработка на работите и

5. финансиска солвентност.

Понудата треба да се достави преку електронскиот систем е - урбанизам во рок од 15 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Јавниот повик за изработување на урбанистичкиот проект го спроведува Комисија за спроведување на постапка за јавен повик за изработување на урбанистички планови и проекти, формирана oд градоначалникот на општината со Решение бр.18 - 741/1 од 18 03 2021 година.

Комисијата ќе ги отвори и разгледа пристигнатите понуди еден ден по истекот на рокот за достава и во рок од 5 дена ќе направи избор на најповолна понуда и ќе достави предлог за доделување на договор на избраниот понудувач до градоначалникот.

Јавниот повик се објавува преку информацискиот систем е-урбанизам и на веб-страната на општината.

 

Изработил

Страшко Хаџи Коцев


 

Градоначалник на Општина Аеродром

Златко Марин