ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

 

Врз основа на член 35  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М 199/14, 44/15, 193/15,31/16,163/16,64/18 и 168/18), а во врска со одобрување на Локална урбанистичко планска документација, Градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат физичките и правните лица дека Градоначалникот на Општина Аеродром – Скопје донесе Одлука за спроведување на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

За Локална урбанистичко-планска документација за изградба на објекти со основна класа на намена Г4 - стоваришта на КП2794 КО Горно Лисиче – вон град, Општина Аеродром - Скопје

 

Површината на планскиот опфат изнесува  0,11 ха, односно 1138 м2 и е опишана со следните граници:

- на исток планскиот опфат се граничи со КП2795

- на запад планскиот опфат се граничи со КП2830 и 2831

- на север поминува асфалтиран локален пат правег Горно-Долно Лисиче КП4458/5

- на југ планскиот опфат се граничи со дел од КП2829

 

            Планската документација ќе биде изложена во просториите на Месната заедница Долно Лисиче (ул.22 број 1А) во рок од 5 (пет) работни дена, од 15.03.2021 год. (понеделник)  до 19.03.2021 год. (петок) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

            Јавна презентација ќе се одржи на ден 16.03.2021 год. (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Месната заедница Долно Лисиче (ул.22 број 1А), Општина Аеродром, Скопје.

            Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Месната заедница Долно Лисиче, Општина Аеродром.

            Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки и предлози по предлог на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 
  Grb Transparenten za prezentacija

 

Општина Аеродром