ОГЛАС за издавање под закуп на фискултурни сали, училници,аула и друг административно деловен простор во ОУ,,Лазо Ангеловски,, и Спортски центар,,Ново Лисиче,,

 

Врз основа на член 128 и член 130 од Законот  за Основно образование(Службен весник на РМ бр. 103/08) ОУ Лазо Ангеловски, Општина Аеродром Скопје објавува

 
ОГЛАС

за издавање под закуп на фискултурни сали, училници,аула и друг административно деловен простор во ОУ,,Лазо Ангеловски,, и Спортски центар,,Ново Лисиче,,

 
1.ЗАКУПОДАВЕЦ

ОУ Лазо Ангеловски со седиште на ул.Видое Смилевски Бато бр.95 Скопје,

тел./факс 2430 324

2.ПОНУДУВАЧ

Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано правно или физичко лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп или припаѓа на соодветно професионално здружение или сојуз.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

3.1 Фискултурна сала во ОУ Лазо Ангеловски- 500м2

3.2 Училница во ОУ Лазо Ангеловски

3.3 Друг административно деловен простор во ОУ ,,Лазо Ангеловски,,-три простории со  квадратура од (20м2+20м2+12м2)

3.4  Хол 300 м2
3.5 Спортска  сала во спортски центар ,,Ново Лисиче,,
 

Закуподавецот ги издава просториите во горенаведените точки по пат на прибирање на писмени понуди.

Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.

Учесници на јавниот оглас за закуп на фискултурната и спортската сала, можат да бидат сите спортски клубови и правни лица кои се занимаваат со следниве спортови: одбојка,ракомет,мал фудбал,гимнастика и сите боречки вештини,како и здруженија кои се занимаваат со следниве активности: јога,пилатес,аеробик,зумба,модерен танц,балет и танци и ора.

Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да  подигне  само овластено лице од страна понудувачот секој работен ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ОУ ,,Лазо Ангеловски,,- (во архива-кај секретарот на училиштето).Понудата која  нема да биде доставена на документацијата потпишана и заверена од страна на понудувачот, како и понуда која нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

Отварањето и читањето на понудите ќе се одржи на ден 18.07.2014 год. во 10:00часот  во просториите на ОУ ,,Лазо Ангеловски,,.

Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето. Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 
 

                                                                                            ОУ ,,Лазо Ангеловски,,

                                                                                                    Бул.,,Видое Смилевски-Бато,,бр.95

 

                                                                                                                 Тел.2430-324