В понеделник 50. седница на Советот на Општина Аеродром

 

В понеделник, 8.2.2021 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 50-тата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки: 

1.    Предлог-одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис на средствата со состојба на ден 31.12.2020 година.

2.    Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за  четвртиот квартал од 2020 година.

3.    Предлог-деловник за работа на Партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Аеродром.

4.    Предлог-одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од пожар на ТЦ ГЛОБАЛ Струмица.

5.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци.

6.    Советнички прашања.

 

 2.2.2021

 Општина Аеродром