В среда 47. седница на Советот на Општина Аеродром

 В среда, 09.12.2020 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 47. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:            

1.    Предлог-заклучок за усвојување Информација број 18-3066/1 од 20.11.2020 година, Сектор за  урбанизам на Општина Аеродром, за прекин на постапка за изработка   на ДУП за градска четврт ЈИ05 блок 05.01 и блок 05.02

2.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за отпремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

3.    Предлог-одлука за именување на член во Училишниот одбор на ООУ „Лазо Ангеловски“ претставник на основачот

4.    Предлог-одлука за измена на Одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Аеродром во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)

5.    Предлог-одлука за намера за реализација на проект финансиран од програмата на ЕУ за локалните самоуправи

6.    Предлог-одлука за партиципативно учество во реализација на проект финансиран од програмата на УСАИД  за вмрежување на здруженија на граѓани (HBO „HUB“) во рамки на стратешките политики на локалните самоуправи

7.    Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училиштa и детските градинки на територијата на Општина Аеродром

8.    Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација на Општински сојуз на училиштен спорт Аеродром

9.    Предлог-одлука за доделување на  финансиска поддршка – спонзорство на Спортско здружение „ЖРК Вардар“ Скопје

10. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – спонзорство на Шаховски сојуз на Град Скопје

11. Предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита

12. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството на Зекир заради полесно надминување на последиците од претрпена  штета  предизвикана од пожар

13. Предлог-одлука за усогласување на платата на административните службеници во Општина Аеродром со минималната плата во РСМ

14. Советнички прашања

 

3.12.2020

Општина Аеродром