В понеделник 43. седница на Советот на Општина Аеродром

 В понеделник, 31.8.2020 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 43. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:            

  1. Предлог-заклучок за усвојување Извештај од ПС ОН „Аеродром“ за првите шест месеци од 2020 година
  2. Предлог-заклучок за усвојување квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за вториот квартал 2020 година
  3. Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за градска четврт И12 блок 12.02, Општина Аеродром
  4. Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за опремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на член на потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци
  5. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Блаже Конески“ за учебната 2020/2021 година,
  6. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ за учебната 2020/2021 година,
  7. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Љубен Лапе“ за учебната 2020/2021 година,
  8. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за учебната 2020/2021 година,
  9. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2020/2021 година,
  10. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Димитар Македонски“ за учебната 2020/2021 година,
  11. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2020/2021 година,
  12. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ООУ „Александар Македонски“ за учебната 2020/2021 година.
  13. Советнички прашања

Седницата е јавна и граѓаните кои се заинтересирани  да ја следат седницата, е потребно навреме да се најават, а најдоцна до 27.08.2020 година (четврток) до 12:00 часот, за да можат надлежните служби од IT Одделението да им овозможат пристап со упатство за следење на ON-LINE седницата. Најавата треба да се испрати на следните меил адреси:

sovet@aerodrom.gov.mk

stojance.ilievski@aerodrom.gov.mk

 

25.8.2020

Општина Аеродром