И вицепремиерката Мила Царовска се вклучи во разубавување на паркот во Мичурин

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вицеприемиерката Мила Царовска засадија нови садници во новиот парк во населбата Мичурин.

Паркот, кој се протега на површина од 3 573 м2, е проектиран според сите стандарди, со нови зелени површини, детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација, место за друштвени игри за најмладите, а ќе биде оставен посебен простор за негување на традицијата при Мичуринските средби.

Аеродром важи за зелена општина. Хортикултурното уредување на паркот продолжува и понатаму со засадување нови дрвја, садници и цвеќиња.

 

3.7.2020

Општина Аеродром