По иницијатива на Општина Аеродром, раководителот на Секторот за образование, спорт, култура и социјална заштита, Тане Димовски, и одговорното лице за спорт Велимир Делетиќ, остварија средба со претставници на Сојузот на училиштен спорт на Општина Аеродром и КК МЗТ Скопје.
Целта на состанокот беше продлабочување на соработката и унапредување и развој на училишниот спорт во Општината.
1.7.2020
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.