Мичурин добива модерно уреден парк

 Општина Аеродром деновиве интензивно работи на изградба на паркот што се наоѓа во срцето на Мичурин.

Паркот што се наоѓа спроти ОУ Блаже Конески добива сосема нов лик.
Жителите ќе добијат модерно уредено место со тревни површини, патеки, клупи за одмор, детско катче со лулашки, како и спортско игралиште.
Ова е само еден од низата паркови што се градат или реконструираат во Општина Аеродром.
Неодамна, во употреба беше пуштен нов уреден простор во непосредна близина на Железничката станица во Мичурин. Локацијата што со години претставуваше депонија и напуштено место, сега е претворена во тревна површина, со патеки, клупи и катче за најмладите.

Продолжуваме да градиме паркови и на други локации.

27.5.2020

Општина Аеродром