Јавен повик до даватели на социјални услуги

 

Врз основа на Јавниот повик на Министерството за труд и социјална политика до општините и општините во Градот Скопје да изразат интерес да аплицираат за грант за развој на социјални услуги, Општина Аеродром објавува

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

даватели на социјални услуги на територијата на Општина Аеродром

 

Општина Аеродром ги повикува сите даватели на социјални услуги на територијата на општината да изразат интерес за учество во реализиција на Проектот за подобрување на социјалните услуги финансиран со средства од заем на Светска Банка.

Главна цел на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјални услуги наменети за ранливите групи на граѓани.

Општините ќе можат да аплицираат за грантови наменети за проекти за развој на социјални услуги во локалната заедници, вклучувајќи непосредни социјални услуги, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка или други иновативни услуги кои ќе се реализираат во соработка со други даватели на услуги.

Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци.

За подетални информации Ве молиме да ја посетите страната на МТСП www.mtsp.gov.mk (проект за подобрување на социјалните услуги).

 

Во прилог е Формуларот за пројавување на интерес и истиот потребно е да го доставите на меил адресата на општината www.aerodrom@aerodrom.gov.mk најдоцна до 31.10.2019 година.

ФОРМУЛАР ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

 

Во прилог е Формуларот за пројавување на интерес и истиот потребно е да го доставите на меил адресата на општината www.aerodrom@aerodrom.gov.mk најдоцна до 31.10.2019 година.