Викендов натпревар во брзо решавање рубикова коцка

Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром викендов ќе биде домаќин на Третиот меѓународен натпревар во брзо решавање рубикова коцка.

На натпреварот се пријавени над ​75 учесници однашата држава, како и од Швајцарија, Белгија, Грција, Србија, Бугарија и Косово.

Натпреварувањето ќе трае два дена,и тоавсабота од 9:00 до 18:30 часот и недела од 9:00 до 17:00 часот, а влезот е слободен за сите посетители.

Организатор на натпреварот е Македонската кјубинг асоцијација (МКА), а ќе биде делегиран од „Ворлд кјуб асосиејшан“ (WCA), која одржува над 1000 натпревари годишно низ целиот свет.

 

25.10.2019

Општина Аеродром