Акција за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Контејнери за собирање кабаст отпад ќе бидат поставени на три локации во Општина Аеродром од сабота, 21 септември, до вторник, 24 септември.

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на овие локации:

1.    Булевар „Февруарсаки поход“ во близина на супермаркетот „Рамстор“ кај последната автобуска постојка на линијата со број 5;

2.    Булевар АВНОЈ број 68 – 74, во непосредна близина на маркетот „М“;

3.    Во населбата Лисиче на улица „Димитар Туриманџоски“, во близина на полициската станица.

Собирањето на кабастиот отпад е дел од масовната акција за генерално чистење на сите скопски општини организирана од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

            Исто така, во рамките на оваа акција ќе бидат отстранети и сите графити со навредлива содржина што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетолеранција.

 

19.9.2019

Општина Аеродром