Општина Аеродром ангажира 13 лица за општинско-корисна работа

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за ангажирање 13 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и четворица помагатели на стари лица.

Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации“ можат да се пријават во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје во периодот од 5 до 16 август.

Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 6 до 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест. Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок врз основа на невработеност; лица што биле корисници на програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица што имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; лица со попреченост; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот; родители на три и повеќе деца; родители на деца на улица.

Детални информации за програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Аеродром кај лицата Билјана Кочоска-Тодоровска и Зорица Јаќимовска, општински координатори за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје кај лицето Шериф Сума, Центар за социјална работа Скопје кај лицето Бисерка Цикарска.

5.8.2019 г.

Општина Аеродром

 

 

Актуелно

img
img img

Видео