В понеделник 29. седница на Советот на Општина Аеродром

В понеделник, 15.7.2019 година, со почеток во 16:30 часот, во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 29-тата седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:            

  1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на ОА за 2019 година.
  1. Предлог-одлука за давање согласност за објавување јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавување инвертер-клими.
  1. Предлог-одлука за давање согласност за објавување јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавување печки на пелети.
  1. Предлог-одлука за давање согласност за објавување јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за  чистење оџаци.
  1. Предлог-одлука за разрешување на претставник од Општина Аеродром во Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев” на Општина Аеродром во Градот Скопје.
  1. Предлог-одлука за именување на претставник од Општина Аеродром во Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев” на Општина Аеродром во Град Скопје.
  1. Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на смрт на член на потесно семјство за вработени лица во ОА/општински буџетски корисник.
  1. Предлог-одлука за ставање надвор од сила на Одлуката за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1  на КП 3020/1 и КП 3020/2).
  1. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација – Изработен геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени – Ажурирана геодетска подлога за ДУП И12 Блок 02,  Општина Аеродром.
  1. Предлог-одлука за доделување спонзорство на фудбалскиот клуб ЕУРОМИЛК  ГЛ  АД Скопје.
  1. Предлог-одлук аза  доделување спонзорство на Шаховската  федерација на Република Северна Македонија.
  2. Предлог-одлука за доделување донација за реализација на програмски активности на Општинскиот противпожарен сојуз   „Аеродром“ за 2019 година.
  3. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за исплата на еднократна парична помош за физички лица по поднесени  барања од областа на социјална заштита.
  4. Предлог-програма за  измена и дополнување  на Програмата за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2019 година
  5. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за остварување социјална и детска заштита и заштита и спасување на граѓаните во Општина Аеродром за 2019 година.
  6. Советнички прашања.

 

9.7.2019

Општина Аеродром