На Илинденскиот марш ќе јаваат 20 коњаници

Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41. пат, под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје.

 

Коњаниците наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Коњаничкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

 

 

8.7.2019

Општина Аеродром