Општина Аеродром и асоцијацијата „Ластовица“ од утре, 27.6.2019 година до 31.7.2019 година, ќе организираат бесплатни часови по латино анци.
Деновите по латинотанци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата во период од 20:00 до 21:00 часот, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латиноинструктори.
Целта на организирањето бесплатни латинотанци за жителите на Општина Аеродром е да се овозможи вклучување на сите лица во општеството без разлика на старосната граница и полот во културните манифестации.
Инаку, асоцијацијата „Ластовица“ е граѓанска организација што се занимава со овозможување услови за инклузивно општество и заштита на правата на децата со посебни потреби.
26.6.2019
Општина Аеродром
08-04-24