Петти меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче

Претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, денеска оствари средба со дел од учесниците на меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, што се одржува од 13 до 17 јуни во Долно Лисиче.

Цветковска на учесниците им посака пријатен престој во нашата Општина и успешни настапи на фестивалот. Петтиот по ред фолклорен фестивал свечено ќе биде отворен вечерва во 19:00 часот, а во текот на трите фестивалски вечери публиката ќе може да ги проследи настапите на над 500 учесници од игроорни друштва од повеќе земји од регионот. Покрај домаќините, ќе се претстават и игроорци од Косово, Србија, Словачка, Полска, Бугарија и Црна Гора.

Организатор на фестивалот е културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче, а Општина Аеродром и Град Скопје се покровители на манифестацијата.

 

          

           14.6.2019

           Општина Аеродром